„Куќа на ужасите“

Родителите Турпин кои своите 13 деца ги држеа во синџири се осудени на доживотен затвор (ВИДЕО)

Дејвид и Луис Турпин се осудени на 25 години до доживотна казна затвор откако се изјаснија за виновни за затворање и измачување на своите деца во нивниот дом во Калифорнија.

Тоа значи дека тие се осудени на доживотна казна затвор, но по 25 години можат да побараат помилување.

Тие беа уапсени минатата година, откако едно од нивните 13 деца успеа да побегне од нивниот дом во Пери и да ја повика полицијата.

Во февруари, двајцата пред судот признаа дека ги тепале, врзувале со ланци и ги изгладнувале своите деца. Тие признаа дека се виновни по неколку точки од обвинението.

Дејвид Турпин (57) и неговата сопруга Луис Турпин (50) беа изведени пред окружниот суд во Риверсајд и се изјаснија за виновни во договор со обвинителите со цел да добијат казни најмалку 25 години затвор.

Во јануари 2018 година, полицијата упадна во домот на Турпин, околу 110 километри источно од Лос Анџелес, откако едно од заробените деца побегнало.

„Многу ги сакам моите родители“, напиша едно дете, а чии зборови ги прочита нејзиниот брат.

„Иако можеби не е најдобриот начин да нè пораснат, драго ми е што го направија затоа што ме направи личноста која сум денес“.

Еден од нивните синови рече: „Не можам со зборови да го опишам она низ што поминавме растејќи“.

„Понекогаш сè уште имам кошмари од нештата што се случија, како моите браќа и сестри се во окови или се тепани“.

„Но, тоа е сега минатото и ова е сега“. Тој сега студира и минатата година научил да плива и да вози велосипед.

„Ги сакам моите родители и им простив за многу работи што ни ги направија“.

Но, немаа сите деца толку смирена реакција.

Една ќерка, видно потресена, рече: „Моите родители ми го одзедоа цел мој живот, но сега го земам назад“.

„Јас сум борец. Силна сум и се движам низ животот“, рече таа. Во текот на нејзиното сведочење мајка ѝ плачеше и ги бришеше солзите.

Двајцата родители зборуваа пред судот. Им се извинија на децата и рекоа дека се надеваат дека нивните деца ќе успеат во сите нивни потфати.

„Жал ми е за сè со што ги повредив моите деца. Ги сакам повеќе отколку што некогаш може да знаат“, рече мајката.

„Фала му на Бога за сите мои деца“, рече нивниот татко, велејќи дека му е жал ако некогаш ги повредил.

Судијата, пред да ја прочита пресудата, на обвинетите им кажа дека децата се подарок, како на родителите и семејството така и за општеството.

„Може ќе станат научници или ќе откријат лек за некоја болест или ќе станат лекари или службеници на брза помош и некому ќе му го спасат животот. Можеби ќе одат во војска и ќе ја бранат нашата земја“, рече тој.

„Себичниот, суров и нехуман третман кон вашите деца ве лишило вас, вашето семејство и нив од овие дарови“, додаде тој.

„Нивните животи трајно се променети, како и нивната способност за учење, раст и напредок“, додаде тој.

„Ако успеат, тоа нема да биде благодарени на вас“.

„Единствената причина зошто вашата казна е помала од максималната според мене е затоа што ја прифативте одговорноста во рана фаза на постапката“.

„И ги поштедивте децата да го преживеат понижувањето и повредите што ги претрпеле во таа куќа на ужасите“, заклучи судијата.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе