Родителите ги видоа момчињата за првпат по спасувањето од тајландската пештера (ВИДЕО)

Родителите на момчињата спасени од тајландската пештера пуштија солзи радосници откако за првпат по спасувањето им беше дозволено да ги видат децата, пишува Си-ен-ен.

Момчињата кои минаа две недели заробени во пештерата во Тајланд денес од болничките кревети им мафтаа на своите семејства, на кои им беше дозволено да ги видат децата низ заштитно стакло.

Момчињата на возраст од 11 до 16 години минаа речиси две недели одвоени од своите сакани во пештерата на северот на Тајланд. Денес им беше дозволено за првпат од спасувањето да ги видат роднините во строго контролирани услови, бидејќи лекарите се сѐ уште загрижени за нивното здравје.

Тајландските власти објавија снимка од болницата на која дечињата им мафтаат на семејствата, а нивните родители плачат додека ги гледаат низ стаклото. „Не им е дозволен влез во болничката соба за да се спречи ризикот од инфекција, изјави докторот Чаијавеј Танапаисарн.

Тој додаде дека три од децата се на лекување поради воспаление на белите дробови, но проценува дека сите ќе бидат пуштени од болница за една недела. „Заздравувањето ќе потрае околу 30 дена по пуштањето од болница“, изјави докторот.

Танават Вибонгрунгруанг, татко на 11-годипниот Титун, изјави за Си-ен-ен дека чувствува олеснување откако видел дека неговиот син е здрав. Таткото кажа дека само сака да го гушне својот син.

„Почнав да плачам, сите почнаа да плачат. Сакам да им се заблагодарам на луѓето што го спасија моето момче и му помогнаа да почне нов живот. Ова е како ново раѓање“, изјави Танават.

Лидерот на маринците кој ја надгледувал спасувачката мисија, контра-адмиралот Апаорн Јуконгкаеу, ги поздрави напорите на сите меѓународни соработници.

„Не сме ние никакви јунаци. Горди сме што учествувавме во мисијата, а таа беше поуспешна поради соработката и помошта кои дојдоа од целиот свет. Маринците се за ова обучени, а нивното мото е – „Не ги напуштаме луѓето во неволја“.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе