Роберт Редфорд ги повика Американците: Гласајте против диктаторот Трамп и маскираната монархија

Славниот американски глумец Роберт Редфорд ги повика Американците да гласаат против Доналд Трамп на претседателските избори во 2020.

Редфорд повика на гласање против Трамп и неговите поддржувачи на претседателските избори во 2020 година за да заврши ерата на „ваквиот вид диктатор“ и „маскираната монархија“.

83-годишниот глумец во колумна напиша дека Соединетите Американски Држави се всушност „разединети американски држави“ и дека земјата е соочена со таква криза која никогаш не верувал дека може да се случи.

„Нашата толеранција, нашето почитување на вистината, нашето свето владеење на правото, суштинската слобода на медиумите и уште подрагоцената слобода на изразување – сето тоа е под закана од еден единствен човек“, напиша Редфорд и додаде дека и самиот по победата на Трамп „сакал да му даде шанса“.

Славниот глумец го спореди владеењето на Трамп со „маскирана монархија“.

„Трамповото владеење е толку исцрпувачко и хаотично што воопшто не е чудно што многу граѓани се разочарани“, смета Редфорд.

„Време е Трамп да замине, а со него и сите оние во Конгресот кои избраа да му бидат лојални нему, а не на заклетвата дека мора да го почитуваат уставот на САД“, заклучи славниот глумец.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе