Милијардерот педофил

Резултатите од аутопсијата на Епстајн ја продлабочија мистеријата околу неговата смрт

Аутопсијата на телото на милијардерот Џефри Епстајн, кој наводно се самоуби во затворот во Њујорк, покажа дека му е скршен вратот на повеќе места, пренесува Вашингтон пост.

Такви фрактури може да се појават кај лице што се обесило, но и кај жртви на убиство со давење, пишува весникот.

Ова се првите детали од резултатот на аутопсијата на Епстајн, кој почина рано наутро во саботата кога чуварите го нашле обесен во неговата ќелија во затворот на Менхетн.

Јавниот обвинител чие одделение го следи затворот во кој беше Епстајн рече дека неговата смрт е „очигледно самоубиство“, меѓутоа, официјалните претставници на Министерството за правда на САД не ги коментираа резултатите од аутопсијата.

Главниот патолог на Њујорк, Барбара Семпсон, во неделата ја извршила аутопсијата на телото на Епстајн, а нејзината канцеларија не ги коментираше наводите на Вашингтон пост.

Семпсон претходно изјави дека е убедена дека Епстајн починал во затворот така што се обесил во затворската ќелија чекајќи судење по обвинението за секс-трговија.

Обдукцијата ја надгледувал приватен патолог од името на застапниците на Епстајн.

Агенциите претходно објавија дека на американскиот финансиер, кој се соочуваше со обвиненија за трговија со луѓе, му бил укинат надзорот против самоубиства пред да си го одземе животот.

Епстајн беше во затвор откако беше уапсен на 6 јули. Тој се изјасни за невин по обвиненијата. Беше обвинет дека намамил десетици малолетни лица во своите луксузни домови и им плаќал за сексуални услуги.

Во средината на јули, судот одлучи дека тој ќе остане во притвор до крајот на судењето.

Судијата го одби барањето на Епстајн да биде во куќен притвор во својата вила во Њујорк, вредна 77 милиони долари.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе