УСС Невада, подморница на нуклеарен погон од класата Охајо која носи 20 балистички проектили „трајдент“ и десетици нуклеарни боеви глави, пристигнала во саботата на територијата на американскиот пацифички остров. Тоа е прво доаѓање на подморница со балистички проектили на Гуам од 2016 и само второ најавено пристигнување од 1980-тите.
„Ова пристигнување ја јакне соработката меѓу Соединетите Американски Држави и сојузниците во регионот, покажувајќи ја американската способност, флексибилност, спремност и постојана посветеност на Индо-Пацифичката регионална безбедност и стабилност“, се наведува во соопштението на американската воена морнарица.
The #USNavy ballistic-missile submarine USS Nevada (SSBN 733) arrived at Apra Harbor, Guam Jan. 15, reflecting the United States’ commitment to the Indo-Pacific region.
— U.S. Navy (@USNavy) January 16, 2022
Read more 👉🏽 https://t.co/bzjPpYRQnH pic.twitter.com/N4YCdcizct
Позициите на таквите подморници обично се строго чувани тајни. Погонот на нуклеарна енергија значи дека овие подморница можат со месеци да функционираат под вода – единственото нешто што ги ограничува се залихите потребни за екипажот, пишува Си-ен-ен.
Морнарицата наведува дека подморниците од класата Охајо на море се наоѓаат во просек 77 дена, а потоа влегуваат во пристаниште за одржување и надополнување на залихите. Ретко може да се фотографираат надвор од нивните матични пристаништа во Вашингтон и Џорџија. Аналитичарите затоа сметаат дека со овој потег САД им испраќаат порака на Кина и Северна Кореја.
„Американската морнарица свесно или несвесно испрати порака – можеме да донесеме 100-тина нуклеарни боеви глави до вашиот праг, а вие тоа нема ни да го знаете ниту ќе можете да направите нешто околу тоа. Со тоа што другата страна не го може тоа“, кажа Томас Шугарт, поранешен капетан на подморница на американската морнарица, а сега аналитичар на Центарот за американска безбедност.
Севернокорејската програма за балистички подморници е во развој, а кинеската флота од шест подморници со балистички проектили е помала и послаба од американската. Кинеските подморници со балистички проектили од типот 094 се двојно побучни од американските подморници и полесни за откривање. Тие носат помалку проектили и боеви глави.