Рестораните во Белгија најверојатно ќе останат затворени до крајот на годината

Белгискиот угостителски сектор најверојатно нема да профункционира оваа година, предупредуваат вирусолозите, додека во јавноста се дебатира дали е време да се укинат заострените мерки за борба против епидемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Кафулињата и рестораните беа затворени пред точно еден месец, по втор пат, поради коронавирусот.

„Знаеме дека пабовите и рестораните се околина со висок ризик. Тоа нема никаква врска со луѓето од угостителската индустрија, кои даваат сѐ од себе, тоа едноставно се места каде што луѓето се среќаваат“, изјави статистичарот Нил Хенс за ВРТ.

Како што рече, пролетта е многу поверојатно време за повторно отворање на угостителските објекти без опасност од трет бран на епидемијата.

„Како и да е, бранот никогаш не зависи од само еден сектор, тој ќе биде комбинација од неколку сектори“, додаде Хенс.

Ист е ставот на вирусологот Марк ван Ранст.

„Мислам дека продавниците ќе можат повторно да се отворат, но не и угостителската индустрија. Тоа е можно само со педесет заразени лица на ден“, рече Ван Ранст во интервју за холандскиот весник Фолксрант.

„Пред сѐ, добрата политика за тестирање и следење е клучна, но не треба да се опуштиме пребрзо“, рече тој, додавајќи дека се плаши дека нема да има опуштање пред католичкиот Божиќ, на 25 декември.

Еурактив објави дека регионалната влада на Брисел потврдила дека денес нема да ги укине мерките на блокада, туку ќе ги продолжи до 13 декември.

Во меѓувреме, здравствените експерти предупредија дека стапката на инфекција се намалува побавно отколку што се очекувало.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе