Републиканските гувернери против Бајденовата уредба за задолжителна вакцинација

Републиканските гувернери најверојатно со тужба ќе се обидат да ја запрат уредбата на Бајденовата администрација според која речиси два милиони американски работници мора да се вакцинираат против ковид-19 или редовно да се тестираат, истакнувајќи дека сојузната влада така ги крши личните слободи и ги пречекорува сопствените овластувања.

Фото: ЕПА

Мерките на претседателот Џо Бајден за задолжителна вакцинација на работниците од приватниот сектор против ковид-19 или неделно тестирање се одложуваат за после Нова година и ќе стапат на сила од 4 јануари.

Републиканскиот гувернер на Флорида Рон Де Сантис рече дека ќе им се придружи на колегите од Џорџија и Алабама и на приватните лица во поднесувањето тужба против уредбата.

„Сојузната влада не може еднострано да наметне здравствена политика под превезот регулирање на работните односи“, рече Де Сантис на прес-конференција.

Републиканските гувернери на Индијана, Ајова и Небраска, исто така, најавија дека ќе ја оспорат мерката на суд.

Одлуката на владата во Вашингтон се спроведува преку сојузниот регулатор за работни односи ОСХА.

„Бајден штотуку го најави својот план да наметне вакцини на приватни компании преку ОСХА“, објави на Твитер во четвртокот државниот обвинител на Тексас, републиканецот Кен Пакстон.

„Најавувам тужба против него откако оваа незаконска, противуставна регулатива ќе стапи во сила“, додаде тој.

Тексас е една од републиканските сојузни држави кои со регулативи или закони го забранија воведувањето обврска за вакцинација и им оневозможија на работодавците да бараат од работниците да го откријат својот ковид статус.

Висок функционер на ОСХА тврди дека агенцијата има овластување да ги заштити работниците од здравствени опасности. Во Соединетите Држави, повеќе од 745.000 луѓе починале од ковид-19.

Бајден во септември изјави дека неговото трпение е при крај и дека 30 отсто од невакцинираните Американци го сочинуваат мнозинството од хоспитализираните.

Компаниите, локалните власти и демократските сојузни држави воведоа задолжителна вакцинација, а судовите во голема мера ги потврдија таквите одлуки, тврдејќи дека сојузните држави имаат моќ да ја регулираат здравствената заштита.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе