Републиканците веќе најавуваат отповикување на Бајден (ВИДЕО)

Новоизбраната републиканска конгресменка Марџори Тејлор Грин изјави дека ќе иницира негово отповикување поради наводна злоупотреба на позицијата.

EPA-EFE

Таа тоа го најави на својот профил на Твитер, и тоа еден ден по инаугурацијата на 20 јануари.

Грин беше меѓу 197-те конгресмени кои го бранеа претседателот во заминување Доналд Трамп за време на гласањето за неговото отповикување во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

„Во име на американскиот народ, мора да бидеме сигурни дека нашите лидери се однесуваат одговорно. Не можеме да имаме претседател на САД кој е спремен да ја злоупотреби моќта на претседателството и лесно да го поткупат странски влади, кинески компании, украински енергетски компании“, изјави Грин.

Таа истакна дека може да замисли колку луѓето во САД се плашат од идниот мандат на претседателот Бајден што биле спремни да се свртат кон насилство, како она на Капитол во Вашингтон.

„На американскиот народ му треба надеж, тие мора да знаат дека во Конгресот има републиканци кои се спремни да се заземат и да се борат за нив, без оглед што се малцинство, без оглед што шансите се против нас“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе