Републиканците ја блокираа расправата за отповикување на Трамп

Резолуцијата за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп поради неговата улога во минатонеделните демонстрации официјално беше претставена во Претставничкиот дом на Конгресот, меѓутоа таа беше прекината по кратко заседавање.

EPA-EFE

Членови на долниот дом на Конгресот од редовите на демократите ја претставија резолуцијата за отповикување на претседателот во заминување.

Републиканскиот членови на долниот дом го отфрлија барањето на демократите за придвижување на 25-от амандман против Трамп – со што го блокираа итното разгледување на тоа прашање.

Ненси Пелоси, претседавачката со Претставничкиот дом, изјави дека долниот дом на американскиот Конгрес ќе го разгледа 25-от амандман за разрешување на претседателот Доналд Трамп од функција – откако републиканците го блокираа нивниот обид да го претстават тоа прашање – пред да преминат на легислативата која го регулира отповикување.

Пелоси кажа дека демократите, кои го контролираат Претставничкиот дом, го повикале потпретседателот Мајк Пенс во рок од 24 часа од усвојувањето на законот за отповикување да им одговори дали е согласен со разрешување на Трамп врз основа на 25-от амандман.

Во документот кој го претставија демократите Трамп е обвинет за „поттикнување бунт“, а се наведува дека актуелниот претседател активно го поттикнувал насилството на американски Капитол.

Документот укажува на неколку лажни тврдења кои Трамп ги изнесе, вклучувајќи дека изборите му се „украдени“ и дека тој е законскиот победник на претседателските избори 2020 година.

Гласањето би требало да се одржи подоцна неделава, а Трамп би можел да биде првиот американски претседател со две постапки за отповикување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе