Република: Европските држави ги запленуваат маските наменети за Италија и им ги делат на своите болници

Чешка и Полска сопреле испорака од Кина на неопходна медицинска опрема за Италија, тврди италијанскиот весник Република.

Еден транспорт на заштитни маски и опрема бил сопрен и запленет во Полска, а вториот, во кој имало 680.000 маски и респиратори од Кина, го заплениле чешките цариници.

Во чешките медиуми, како што пренесува Република, пишува дека опремата била украдена во Чешка и дека поради тоа е запленета, а потоа биле објавени фотографии на кои јасно се гледале италијанското и кинеското знаме.

Запленетата помош веќе им била поделена на чешките болници, наведува весникот.

На Твитер чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек призна дека очигледно се случила грешка, и дека еден „мал дел“ од испораката“ бил хуманитарна пратка за Италија.

И министерот за надворешни работи Томас Петричек ја призна грешката и истакна дека запленувањето не било намерно, и дека се бараат начини маските да ѝ се испорачаат на Италија.

Во Полска цариниците, пак, заплениле помош за Италија во која имало 23.000 заштитни маски.

Италијанските власти официјално соопштија дека станува збор за „сериозен и апсурден случај“, а италијанското министерство за надворешни работи врши притисок врз колегите во Варшава.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе