Од Меѓународниот кривичен суд

Репортери без граници бараат истрага за воени злосторства за бомбардирањето на кулата во Газа (ВИДЕО)

Група за надзор на медиумите бара од Меѓународниот кривичен суд да го испита израелското бомбардирање на зградите во кои се наоѓаа Асошиејтед прес и други медиумски организации во Газа како можно воено злосторство.

Фото: ЕПА

„Репортери без граници“ со седиште во Париз во писмото до главниот обвинител на судот вели дека во текот на изминатите шест дена се уништени канцелариите на 23 меѓународни и локални медиумски организации.

Групата вели дека „намерното таргетирање медиумски организации и намерното уништување на нивната опрема“ од страна на израелската војска веројатно е прекршување на еден од статуите на судот. Се вели дека нападите служат „за да се намали, ако не и да се неутрализира, капацитетот на медиумите да ја информираат јавноста“.

Израелската војска соопшти дека Хамас дејствувал во зградата каде што АП имаше канцеларии и ја обвини терористичката група дека користела новинари како жив штит.

Новинарите на АП и другите станари беа безбедно евакуирани откако израелската војска завчера предупреди дека ќе нападне.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе