Репортажа за Вухан: Како смртоносната епидемија се разви во глобална вонредна состојба (ВИДЕО)

Австралиската државна телевизија Еј-би-си на крајот на февруари емитуваше 45-минутна репортажа за избивањето на епидемијата на коронавирусот во кинескиот град Вухан и како од тоа настана глобалната пандемија.

Во репортажата можат да се видат необјавени снимки од Вухан под карантин, на пример како полицијата ги одведува оние за кои смета дека се заразени, а меѓу соговорниците се и странски новинари кои ја покриваат Кина за светски агенции како Би-би-си.

Се ситакнува дека Вухан е град со 11 милиони жители, полн со студенти од целиот свет и сообраќаен јазол, што исто така го забрзало ширењето на вирусот.

Во репортажата се наведува и дека локалните политичари во Вухан на почетокот ги прикривале размерите на епидемијата и дека им се заканувале на локалните лекари кои за тоа се осмелувале јавно да прозборат.

Се обработува и судбината на лекарот Ли Венлијанг, еден од првите кои предупредуваа на коронавирусот и кој поради тоа заврши во кинеската полиција. Ли Венлијанг умре од коронавирусот со кој беше заразен преку пациент кого го лекувал и умре на 7 февруари годинава.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе