Атина

Ректорка добила сомнителен плик, седуммина во болница

Во болница во Митилена, главниот град на грчкиот остров Лесбос, седум лица кои биле во контакт со сомнителен плик од Индија се во болница.

Тие се хоспитализирани заради претпазливост, а пликото, како што пренесуваат агенциите, пристигнало на адреса на локалниот Егејски универзитет.

АНА пренесе дека пликото наменето за ректорката на тој универзитет Криси Вицилакис пристигнало во средата од Индија.

Се наведува дека по отворањето на пликото неколку вработени кои биле присутни почувствувале иритација во устата и носот, која потоа се намалила. Грчката агенција наведе дека пликото е испитувано во Државната лабораторија за општа хемија во Атина, а зградата на Универзитетот во Митилeнa е проверена од тим експерти кои пристигнале кон крајот на минатата ноќ.

Грчките власти започнаа антитерористичка истрага поради писмата испратени од Индија до ректорите на 12 грчки универзитети.

Истражувањата покажаа дека во пликовите се наоѓалo иритирачко индустриско средство кое предизвикало алергиска реакција кај членовите на универзитетскиот персонал.

Писмата се упатени на адреса на ректорите на 12 универзитети низ цела Грција, од островите до централна Грција и Атина, а некои пликоа исто така содржеле печатена „исламистичка содржина“ на англиски јазик, изјави неименуван официјален претставник на полицијата, без да даде повеќе детали, пренесе Ројтерс.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопшти дека иритантот, кој инаку се користи за производство на лепила и мастила, веројатно е намерно ставен во ковертите.

Некои писма се пресретнати пред да стигнат до адресите на кои биле испратени.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе