Голем број намерно ги предизвикале земјоделци

Рекорден број пожари во прашумите на Амазон, бразилскиот претседател не гледа ништо алармантно (ВИДЕО)

Прашумите на Амазон годинава ги погоди рекорден број пожари – според податоците на бразилскиот Центар за вселенски истражувања (ИНПЕ) досега се откриени 72.843 пожари.

Се наведува и дека е голема загриженоста поради политиката на заштита на животната средина на претседателот на Бразил Жаир Болсонаро.

ИНПЕ соопшти дека на сателитските снимки забележале 9.507 нови шумски пожари во земјата, главно во сливот на Амазонија, домот на најголемата тропска шума во светот, која се смета за клучна за сузбивање на глобалното загревање.

Снимките ја покажуваат најсеверната држава Рораима покриена со црн чад.

Во Амазон на 9 август беше прогласена вонредна состојба.

Пожарите се чести во сушната сезона, но земјоделците намерно ги предизвикуваат за да ги расчистат шумите за да дојдат до земја на која би одгледувале стока.

Ројтерс јавува дека исклучителниот пораст на пожарите се случил откако Болсонаро во јануари ја презема должноста претседател, ветувајќи дека ќе го развие регионот на Амазон за земјоделство и рударство, занемарувајќи ја меѓународната загриженост поради зголеменото расчистување.

На прашањето за ширењето на неконтролираните пожари, Болсонаро кажа дека ова е периодот на годината кога фармерите користат оган за да ја расчистат земјата.

ИНПЕ наведува дека големиот број пожари не може да се припише само на сушната сезона ниту на природните непогоди.

Болсонаро неодамна го отпушти директорот на ИНПЕ откако ги критикуваше статистичките податоци кои покажаа дека расте расчистувањето на шумите во Бразил.

Тие податоци Болсонаро ги демантираше.

„Чекам нови податоци. Ако бидат алармантни, ќе ги презентирам, а и државата ќе реагира“, кажа Болсонаро.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе