Рекорден број новозаразени во САД, 47.000 за еден ден

Соединетите Држави во вторникот забележаа околу 47.000 нови случаи на инфекција со коронавирусот, што е најголемото дневно зголемување на нови случаи од почетокот на пандемијата, објави новинската агенција Ројтерс.

Фото: ЕПА

Најзагрижувачка е состојбата во Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона, бидејќи скоро 50 проценти од новите случаи во САД потекнуваат од овие четири држави. Тексас во вторникот имаше рекорден број на новозаразени лица за еден ден, 6.975 нови случаи. Јужна Каролина исто така имаше рекорден број инфекции за еден ден (1.755 случаи).

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи во вторникот изјави дека Соединетите Држави одат во погрешна насока и дека може да се случи да има 100.000 нови случаи на инфекција со коронавирусот на ден.

Соединетите Држави се најпогодената земја во светот од пандемијата на коронавирус, со 2.727.300 заразени и 130.106 мртви.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе