Најзагрижувачка е состојбата во Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона, бидејќи скоро 50 проценти од новите случаи во САД потекнуваат од овие четири држави. Тексас во вторникот имаше рекорден број на новозаразени лица за еден ден, 6.975 нови случаи. Јужна Каролина исто така имаше рекорден број инфекции за еден ден (1.755 случаи).
Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи во вторникот изјави дека Соединетите Држави одат во погрешна насока и дека може да се случи да има 100.000 нови случаи на инфекција со коронавирусот на ден.
Соединетите Држави се најпогодената земја во светот од пандемијата на коронавирус, со 2.727.300 заразени и 130.106 мртви.