Реконструкција на влада на јапонски: додаваш син на бивш премиер и две жени за да си го поправиш имиџот

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја реконструираше својата влада, во која додаде две жени и синот на поранешниот премиер за да го освежи имиџот на владата.

Абе истовремено го задржа континуитетот на безбедносната политика и на трговијата, кои се свртени кон САД.

Абе, на кој срдечните односи со американскиот претседател Доналд Трамп му се столб на политиката, ги задржа истите лица на клучните места во реконструираната влада, објавено е денеска.

Таро Коно, кој беше министер за надворешни работи, именуван е за министер за одбрана, додека Тошимитсу Мотеги, министерот задолжен за економската политика, сега е шеф на дипломатијата.

Министерот за финансии Таро Асо, исто така долгогодишен политичар, го задржа своето место, како и портпаролот на владата Јошихиде Суга.

Премиерот воведе 13 нови личности, меѓу кои се и две жени, кои ги добија ресорите внатрешни работи и Олимпијада.

Жените во власта обично го привлекуваат вниманието во Јапонија, која добива критики дека заостанува во нивното именување на функции во фирмите и на политички функции.

Вниманието го привлече и новиот министер за животна средина Шинџиро Коизуми, син на поранешниот премиер Јуничиро Коизуми. 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе