Реконструирана е владата на Албанија, Рама сега е и шеф на дипломатија

Албанскиот парламент ја поддржа реконструкцијата на владата на предлог на премиерот Еди Рама, кој во иднина ќе ја врши и функцијата шеф на дипломатијата, вели Б92.

Парламентот го поддржа изборот на девет нови министри, а опозицијата го бојкотираше гласањето.

Рама, исто така, ќе биде и министер за надворешни работи, откако албанскиот претседател Илир Мета одби да го потврди назначувањето на кандидатот на Рама, Гент Цакај на таа функција, наведувајќи дека тој не ги исполнува стандардите.

Мета, без објаснување, не го прифати ни разрешувањето на доскорешниот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати.

Рама започна процес на реконструкција на владата кон крајот на декември по студентските протести.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе