Мали сипаници увезени од Македонија

460 случаи на мали сипаници регистрирани во Бугарија, рангирана на шесто место во Европа

Во моментов во Бугарија има 460 случаи на мали сипаници, со што се рангира на шесто место во Европа, изјави главниот државен здравствен инспектор и вонреден професор Ангел Кунчев на конференцијата на 20 април.

Бројката значи дека бројот на случаи на сипаници во Бугарија е двојно зголемен за помалку од еден месец.

Од вкупниот број, 20 до 22 проценти се помлади од 13 месеци, помлади од возраста на имунизација и три четвртини се деца од ромска националност, според бројките презентирани на конференцијата.

Најголем број случаи се во Софија - 124 во градот и 165 во областа. Потоа следи Благоевград, претходно област со најголем број, а сега вкупно 135.

Кунчев рече дека во 2018 година, околу 65 000 деца ширум светот починале од мали сипаници. Порано или подоцна ќе следат смртни случаи и во Бугарија, рече тој.

Избувнувањето на мали сипаници во Бугарија, што започна во областа на Благоевград кон крајот на 2018 година, беше увезено од Македонија, која во изминатата недела прогласи епидемија на сипаница ширум земја, пренесе Софиа глоуб.

Семејство од Македонија било на зимски одмор во Банско, и по неколку дена едно од децата се разболело. Примено е во болницата во Разлог, каде што не биле преземени неопходните мерки против ширење на болеста, резултирајќи со појава на мали сипаници на детското одделение на болницата, со почетни 16 инфекции.

Кунчев рече дека е лага дека пациентите вклучувале вакцинирани деца.

Тој рече дека примероци од 22 болни деца во Самоков, кои биле евидентирани како имунизирани, всушност покажало дека не биле.

Докторите кои ќе бидат откриени дека не вакцинираат како што е наложено ќе се соочат со најтешки санкции, вклучувајќи и отповикување на нивните лиценци и ќе бидат судски гонети, рече Кунчев.

Извештаите покажаа дека движењето против вакцинирање е одлучувачки фактор во појавата на мали сипаници. Претходните извештаи во медиумите покажаа дека има случаи кои се последица на одбивањето на родителите да ги вакцинираат своите деца поради верувањето во дезинформациите што ги читаат на интернет.

Адвокатката Марија Шаркова на конференцијата изјави дека еден од најчесто цитираните аргументи на движењето против вакцинација е дека „вакцините во САД не се задолжителни“, но ова го занемарува фактот дека во исто време е на сила забраната за таквите деца да бидат примени во згрижувачки установи.

Неодамна, со оглед на ширењето на малите сипаници, дојде до промена од препорачани вакцини до задолжителни вакцини, што значи дека државата му придава поголемо значење на правото на живот отколку на правото на родителите да избираат.

На 15 април, двајца шефови на ООН предупредија на светска криза со сипаници, со пораст од 300 отсто во првите три месеци од 2019 година во споредба со првите три месеци од 2018 година.

Претходно во април, бугарското Министерство за здравство објави дека имало 223 потврдени случаи на сипаници во Бугарија, што значи дека бројката се удвоила за еден месец.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе