„Референдуми“ во Украина: Војниците одат од врата до врата, се гласа усно

Украинците пријавија дека вооружени војници одат од врата до врата во окупираните делови на земјата за да соберат гласови за самонаречените „референдуми“ за приклучување кон Русија.

Фото: ЕПА
„Треба да одговорите усно, а војникот го означува одговорот на листот и го чува“, изјави една жена од Енерходар за Би-би-си.
 
Во јужниот дел на Херсон, руски гардисти стоеле со гласачка кутија среде градот за да ги соберат гласовите на луѓето.
 
Гласањето од врата до врата е заради „безбедност“, велат руските државни медиуми.
 
„Личното гласање ќе се одржи исклучиво на 27 септември“, објави Тасс. „Останатите денови ќе се организира гласање во заедници и од врата до врата."
 
„Анексијата“ на покраините нема да биде меѓународно признаена, вели Би-би-си, но може да доведе до тоа Русија да тврди дека нејзината територија е нападната со западното оружје доставено до Украина, што би можело дополнително да ја ескалира војната.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе