Брегзитот ги промени правилата на играта

„Референдум за обединување на Ирска во рок од три години, Лондон да се подготви“

Брегзитот „ги промени правилата на играта“ во поглед на обединувањето на Ирска, изјави денес лидерката на ливичарската националистичка партија Шин фејн, Мери Лу Мекдоналд, оценувајќи дека референдум за тоа прашање во Ирска би можелд да се одржи во рок од три години.

„Тоа не е едноставно нешто. Тоа (брегзитот) ги промени правилата на играта“, кажа Мекдоналд за британски Тајмс и додаде дека Ирска треба „да ја почне подготовката на таквиот референдум“, а дека „и Лондон треба да се подготви“.

Шин фејн, кој победи на изборите одржани на 8 февруари, се залага за обединување на Република Ирска и Северна Ирска, кои се раздвоени откако Ирска избори независност во 1921 година.

Таа поделба во Северна Ирска доведе до тридецениско крвопролевање во втората половина на 20 век, наречен „немири“, меѓу националистите и републиканците од една и протестантските лојалисти од друга страна.

Во „Немирите“ загинаа околу 3.500 луѓе.

Прашањето на ирското обединување се врати во фокусот благодарение на брегзитот, на кој се противи мнозинството жители на Северна Ирска.

Придружувањето кон Ирска, членка на ЕУ, се покажа како заводлива идеја.

„Ако погледнете на север, повеќето повеќе не се лојалисти. Тркалото се сврте, настапи смена на генерации. За обединувањето на Ирска сега се разговара низ островот како никогаш порано за време на мојот живот“, кажа Мекдоналд.

Според неа, брегзитот само ја „забрзал приказната“.

Мери Лу Мекдоналд направи многу за внесувањето на Шин фејн во политичкиот мејнстрим, откако партијата долго беше гледана како политичка гранка на Ирската републиканска армија (ИРА).

Партијата на неодамнешните избори доби 24,5 отсто од гласовите.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе