Ураган Јанос

Редок медитерански ураган хара во Грција, град се претвори во езеро, 3 жртви (ВИДЕО)

Три лица смртно страдаа како последица на „медитеранскиот ураган", многу редок вид на бура што во саботата го зафати поголемиот дел од Грција, објавија грчките власти во неделата, а потрагата по друго исчезнато лице е во тек.

Screenshot

Невремето наречено Јанос во петокот корнеше дрвја и столбови и предизвика прекини во снабдувањето со електричната енергија на јонските острови и во областа на западен Пелопонез.

Потоа се прошири во централна Грција, погодувајќи ги главно областите околу градовите Кардица и Фарсала, а потоа го зафати и јужниот грчки остров Крит.

Спасувачите во неделата пронајдоа тело на маж под урнатините на неговиот дом во село во близина на Кардица, објави грчка новинска агенција.

Во истата област во саботата е пронајден мртов 63-годишен маж, а телото на постара жена е пронајдено во близина на Фарсала, објавија припадници на противпожарната бригада.

Властите сè уште трагаат по жена од Кардица чие исчезнување го пријавиле роднини, изјави официјално лице.

Силниот дожд во саботата ја претвори Кардица, град кој се наоѓа во една од најголемите рамнини на Грција, во езеро. На видеата се гледаат поплавени патишта, урнати мостови и земјоделско земјиште претворено во калливи езера, додека локалните земјоделци се обидуваат да го спасат добиток.

Експертите проценуваат дека во областа Кардица биле поплавени околу 5.000 куќи. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој треба да го посети регионот во следните неколку дена, најави владина помош за погодените области од поплавите.

До саботата вечер, невремето стигна и до Крит, каде силниот дожд ги поплави улиците и продавниците.

Бури како Јанос за прв пат беа регистрирани во Грција во 1995 година, но во последните неколку години се се почести. Слично невреме ја погоди земјата во 2018 година.

Во 2017 година, во поплавите загинаа 25 лица, а стотици останаа без домови.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе