По руските напади врз клучни објекти

Редици за вода во Киев, голем дел од Украина без струја (ВИДЕО)

Снабдувањето со електрична енергија и вода низ Украина е тешко нарушено откако Русија вчера со десетици проектили ги гаѓаше клучните објекти.

Фото: ЕПА

Украина соопшти дека Русија извршила бран ракетни напади низ целата земја, вклучително и во главниот град Киев - додека Москва ги засилува нападите врз клучната инфраструктура пред зимата.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 40 отсто од главниот град остануваат без вода, а 270.000 домови немаат струја.

Низ градот се забележани долги редици, а жителите очајнички собираат вода од пумпите.

Напади имаше и во Харков, во Дњепар и Запорожје на југоисток, во централна Виница и во западниот регион Лавов, при што украинските власти соопштија дека биле погодени вкупно 18 објекти.

Сепак, украинската војска рече дека соборила 44 крстосувачки ракети.

Во нападите низ целата земјата се повредени 13 лица, рече Украина. Русија соопшти дека нападите биле насочени кон воената контрола и енергетските системи на Украина и дека сите цели биле погодени.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека нападите делумно се одговор на нападот со беспилотни летала врз нејзината Црноморска флота во анектираниот Крим, за што Москва ја обвинува Украина. Киев не презеде одговорност за нападот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе