Редици пред киосците за последниот број на хонгконшкиот продемократски весник (ВИДЕО)

Во Хонг Конг, луѓето од раните утрински часови чекале во редови за да го купат последното печатено издание на продемократскиот весник Епл дејли. До 08:30 часот по локално време, последниот број на весникот, во милион примероци, бил распродаден во повеќето киосци и другите продажни места.

Фото: ЕПА

Одлуката за последен број на весникот е донесена во средата, една недела по замрзнувањето на 2,3 милиони долари средства врзани со весникот и апсењето на неговите пет уредници и директори.

Новинарите се уапсени поради „дослух со странска земја со цел загрозување на националната безбедност“, изјави полицијата.

Во Хонг Конг досега се уапсени повеќе од 100 лица врз основа на законот за безбедност, вклучително и истакнатиот продемократски активист и медиумски тајкун Џими Лаи, издавач на весникот Епл дејли.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе