Белгија

Речиси умреле во контејнер полн со кокаин, повикале полиција да ги спаси

Двајца шверцери заглавиле во контејнер со кокаин во белгиското пристаниште Антверпен на пеколна жештина. Откако заклучиле дека животите им вредат повеќе од заработката, повикале полиција да ги ослободи.

Инцидентот се случил во средата на едно од големите терминални пристаништа кое се смета за главен европски влез на кокаин што се шверцува од Јужна Америка, објавија медиумите во четвртокот.

Во средината на денот, полицијата во Антверпен добила итен повик за помош од двајца мажи кои рекле дека се заробени во метален контејнер од кој извлекувале дрога.

На полицијата ѝ требале речиси два часа да го лоцираат парот во недогледната низа контејнери. Ги откриле двајцата мажи и тие не давале никаков отпор.

Пристанишните работници ги залиле со шишиња вода, а надворешната температура во тоа време изнесувала 40 Целзиусови степени.

Мажите се во притвор и во четврток треба да дадат изјави, рече портпаролот на Државното обвинителство.

Полицијата не соопшти колкава количина на кокаин имало во контејнерот, но локалниот весник Газет ван Антверпен шпекулира дека се работи за стотици килограми. Осомничените се жители на Антверпен.

Повеќе од 50 тони кокаин биле запленети во 2018 година во пристаништето во Антверпен, што е досега најголема количина, според официјални податоци.

Антверпен е второ по големина комерцијално пристаниште во Европа, по Ротердам во Холандија.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе