Трамп кога чул дека почнува истрагата на Малер: „Ова е крај на моето претседателствување. Готов сум“

Објавен е извештајот на специјалниот известувач Роберт Малер во САД.

Малер во извештајот ги претстави резултатите од истрагата, која се фокусира на наводното мешање на Русија во изборите во 2016 година. На овие избори, Доналд Трамп победи и стана американски претседател.

Извештајот на Малер, односно резултатите од истрагата, ги презентираше главниот јавен обвинител Вилијам Бар на прес-конференција.

На конференцијата, Бар го бранеше Трамп, кој го назначи на тековната функција. Важно е да се истакне дека извештајот на Малер има 448 страници. Објавена е негова скратена верзија, во која не се достапни сите информации. Дел од нив се затемнети, како што рече Бар, поради заштита на чувствителните податоци.

Објавувањето на извештајот го коментираше и советничката на Трамп Келиан Конвеј велејќи дека претседателот сега е ослободен од сите обвиненија и додаде дека денес тој и неговиот тим примаат извинувања.

„Најголемата победа на Доналд Трамп ќе биде кога повторно ќе биде избран“, изјави Конвеј, појаснувајќи дека претседателот ќе ги побие сите обвиненија против себе.

Ненси Пелоси и претседателот на демократите во Сенатот Чак Шумер објавија заедничка изјава во која порачаа дека постојат големи разлики меѓу она што го изјави на прес-конференцијата државниот обвинител Вилијам Бар и она што го вели извештајот на Малер за опструкцијата.

„Бар заклучи дека претседателот не ја попречувал правдата додека извештајот на Малер тоа го оспорува“, порачаа тие.

Извештајот исто така открива како реагирал Трамп кога дознал дека е започната истрагата на Малер.

Според забелешките на Џоди Хант, кој служел како шеф на кабинетот на Џеф Сешн, реакцијата на Трамп на назначувањето на Малер била следната:

„Претседателот се наведна во својата столица и рече: 'О, мој Боже. Ова е страшно. Ова е крај на моето претседателствување. Готов сум'“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе