Реакцијата на премиерката во моментот кога Исланд го погоди силен земјотрес (ВИДЕО)

Рејкјавик и околината вчера ги погоди силен земјотрес од 5,6 по Рихтер, кој на кратко прекина седница на парламентот.

Printscreen

Исландската премиерка Катрин Јакобсдотир за време на земјотресот давала интервју и камерите го снимиле моментот кога се затресла собата во која таа се наоѓала, како и нејзината реакција.

„О мој Боже, уште еден земјотрес“, кажала премиерката вознемирено гледајќи околу себе.

„Се извинувам, тукушто се случи земјотрес. Но, тоа е Исланд“, кажала таа, насмевнувајќи се.

Вчерашниот најсилен земјотрес на Исланд траел неколку секунди, а следеле неколку помали потреси. Парламентарната седница била прекината на петнаесетина минути.

Во Рејкјавик земјотресот занишал згради, а бил проследен со силна бучава.

Според метеоролошкиот институт на Исланд, епицентарот се наоѓал на дваесетина километри од главниот град, во геотермалната зона Селтун.

„Нема повредени ни материјална штета“, објави цивилната заштита, но сепак ќе се спроведе инспекција за да се потврди таа проценка.

Легенда под Главна слика

Printscreen

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе