Реакцијата на научниците на НАСА на слетувањето на роверот на Марс (ВИДЕО)

Во моментот кога беше потврдено слетувањето на роверот на површината на Марс, во контролата на мисијата во лабораторијата за млазен погон (ЈПЛ) на НАСА во близина на Лос Анџелес научниците одушевено аплаудираа и викаа.

EPA-EFE

Спуштањето на Персевиренс на локацијата во едно парче беше далеку од безбедно.

Вселенското летало од повеќе делови кое влезе во атмосферата на Марс со брзина од 1.900 километри на час, мораше совршено да ја изведе комплексната серија маневри и да забави при спуштањето за да ги избегне површинските пречки и лесно да го постави роверот на неговите шест тркала.

Главната цел на двегодишната мисија на Персевиренс, вредна 2,7 милијарди долари, е потрага по микробиолошки живот што на Марс можело да го има пред три милијарди години, отприлика во времето кога се создавал животот на Земјата.

Научниците се надеваат дека ќе успеат да најдат знаци на живот во примероците од древните седименти кои Персевиренс ќе ги извлекува од марсовските карпи и ќе ги испрати на анализа на Земјата – што ќе бидат првите такви примероци кои луѓето ги собрале од друга планета.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе