Реакција на Белград за случувањата на северот на Косово: „Провокација на Курти пред изборите“

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ оцени дека акцијата на косовската полиција во Северна Митровица е уште една провокација на косовскиот премиер Аљбин Курти пред изборите.

EPA-EFE

Тој додаде дека за тоа го известил специјалниот известувач на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

Косовската полиција упадна во градот на северот на Косово и претресува аптеки, станбени и деловни простори и магацини за стока и ја проверува царинската документација.

Петковиќ истакна дека таквото однесување на Приштина ја поминува секоја граница и додаде дека Курти со секој свој потег се обидува да ја продлабочи кризата.

„Додека ние сè решаваме со дијалог ги имате Курти и другите кои со кризи се обидуваат да го заземат северот на Косово што им е опсесија. Се обидуваат да го криминализираат северот“, кажа Петковиќ и додаде дека властите во Приштина со последните потези се обидуваат да го компензираат понижувањето кое го претрпеа со последниот договор во Брисел.

„Од ден во ден, особено по договорот и повлекувањето на РОСУ од Јариње и Брњак, сега Приштина измислува и создава нови кризи, измислува непостоечки проблеми за полицијата да упадне на северот на Косово и Метохија. Тоа го прави во последната недела пред изборите. Курти тоа го прави смислено и се обидува да предизвика нови немири бидејќи едностраните потези кои се обиде да ги спроведе пропаднаа, па сега оди на план Б, Ц и така натаму“, кажа Петковиќ.

Додаде дека народот повеќе не може да го трпи теророт на Курти и апелираше до Србите на Косово да останат воздржани и да не реагираат на провокации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе