Реакции на заканите на Трамп – на Меркел ѝ е доста од караници, Русите се загрижени и бараат деескалација

Од светот пристигнуваат реакции на последните закани кои ги испрати американскиот претседател Доналд Трамп кон Северна Кореја.

Германската канцеларка Ангела Меркел денес се спротивстави на „воено решение“ околу проблемот со Северна Кореја и ја осуди актуелната вербална војна на Пјонгјанг и американскиот претседател Трамп, кој се закани дека ќе посегне по оружје.

„Не гледам воено решение за овој конфликт“, кажа таа на прес конференција во Берлин, реагирајќи на пораката на Трамп на Твитер во која најави дека американските воени опции се испланирани и спремни. „Германија интензивно ќе учествува во можностите за невоено решение, но вербалната војна ја сметам за лош одговор“.

Лавров: Ризикот е висок

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека ризикот од воен судир околу севернокорејската нуклеарна програма е висок и дека Москва е длабоко загрижена од меѓусебните закани со напади кои ги разменуваат Вашингтон и Пјонгјанг.

„Посилната и поразумна страна треба да го преземе првиот чекор за деескалација и ублажување на кризата“, кажа Лавров зборувајќи во живо на државната телевизија на форум за руските студенти,

Тој ги охрабри Пјонгјанг и Вашингтон да го потпишат руско-кинескиот план според кој Северна Кореја би ги замрзнала своите тестирања со проектили, а САД и Јужна Кореја би наметнале мораториум на вежбите од широк обем.

Лавров истакна и дека реториката на Вашингтон и Пјонгјанг околу севернокорејската нуклеарна програма сега „ги минала сите граници“ и додаде дека Москва се надева дека на крајот ќе надвладее разумот.

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани до Северна Кореја, порачувајќи му на режимот во Пјонгјанг преку Твитер дека американското оружје е „наполнето и спремно“.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе