РДИФ: Повеќе од 20 милиони луѓе во светот примија Спутник V

Повеќе од 20 милиони луѓе во светот ја примиле руската вакцина Спутник V против коронавирусот, објави Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Фото: ЕПА

Вакцината Спутник V е одобрена во повеќе од 60 земји, кои вкупно имаат 3,2 милијарди жители, објави РДИФ.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека предлогот фармацевтските компании да се откажат од правата на патентите за вакцините против ковид-19 е идеја што вреди да се разгледа и дека тој е отворен за тоа.

„Пандемијата е вонредна состојба“, рече тој.

Путин рече и дека Русија произведе „лајт“ верзија на Спутник V, која сега е достапна во земјата. Таа верзија се дава во само една доза и е скоро 80 проценти ефективна, според РДИФ.

Полесната верзија на вакцината дејствува побрзо, но нејзината заштита трае пократко.

Русија сега има четири вакцини против ковид-19 и има произведено 31,9 милиони дози.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе