Разузнавачи: Русите во три месеци војна имаат загуби како во 9 години војна во Авганистан

Во првите три месеци од денот на „специјалната воена операција“ Русија претрпе загуби споредливи со оние на Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на воените разузнавачи.

Фото: ЕПА

Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и команден пристап кој се карактеризира со „подготвеност да се повторуваат грешките“ доведоа до големи човечки загуби кои продолжуваат да растат во офанзивата на Донбас, се вели во утринскиот извештај на британските разузнавачи.

Руската јавност во минатото покажа дека е чувствителна на загубите во војните. Со порастот на загубите во Украина тие ќе станат уште поочигледни, а незадоволството на јавноста од војната како и подготвеноста тоа јавно да се каже може да се зголеми, се вели во извештајот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе