Разорниот оган стигна во близина на Сиднеј: „Пожарот е преголем за да се изгаси“ (ВИДЕО)

Огромниот пожар кој пустои 60 километри северно од австралискиот град Сиднеј во моментов е толку голем што не може да се изгаси, предупредија пожарникарите.

Пламенот кој зафати 300.000 хектари земјиште е одалечен само еден час возење од најнаселениот град во државата. На жителите на таа област им е кажано да заминат, пренесува Би-би-си.

Од октомври, во пожарите низ Австралија загинаа шест луѓе и уништени се над 700 домови.

Пожарникарите денес во текот на деност се бореа да сопрат речиси 150 пожари во државата Нов Јужен Велс додека силните ветришта го разгоруваа огнот и повторно со опасен чад го покрија Сиднеј, најголемиот град во Австралија.

Додека низ источниот брег на Австралија гореа речиси 150 пожари, комесарот на руралната пожарникарска служба на Нов Јужен Велс Шејн Фицсимонс кажа дека властите се особено загрижени поради осумте пожари околу Сиднеј, во кој живеат пет милиони луѓе.

„Тие имаат потенцијал или се очекува дека ќе се прошират подалеку на исток, што за жал навлегува во населените области, селата, населбите, изолираните рурални области и земјоделските и бизнис компаниите во целиот регион“, им кажа Фицсимонс на новинарите во Сиднеј.

Неколку пожари северозападно од градот се споија и создадоа голем фронт кој се шири со топлиот и сув ветер, истакна тој.

Пожарите се чести во Австралија, но годинешната сезона на пожари почна многу порано од вообичаеното со температури кои редовно се качуваат над 40 Целзиусови степени пред почетокот на летото, додека силните ветришта дуваат низ сувиот пејсаж.

Најлошите пожари во Австралија во февруари 2009 уништија илјадници домови во Викторија, при што загинаа 173 лица а повредени беа 414.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе