Разорната моќ на ураганот Доријан во една снимка (ВИДЕО)

Иако авионите официјално не летаат, на интернет се појави снимка на авион како проаѓа низ ураганот Доријан, веќе прогласен за најсилниот што некогаш ги погодил Бахамите.

На снимката направена од пилотската кабина само на момент се гледа контролната табла на авионот.

Разорниот ураган, кој сега е упатен кон Флорида, ги „удри“ Бахамите со ветришта со брзина од 205 км/ч.

Авионите не летаат, бензинските пумпи се затворени, а и популарниот тематски парк Дизниленд. Досега на бахамите настрадаа најмалку пет лица, а првата жртва на ураганот беше осумгодишно дете.

Во меѓувреме ураганот ослабе на категорија 3, од категоријата пет на која беше пред два дена, но експертите предупредуваат дека и понатаму претставува сериозна опасност.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе