Разорен земјотрес во Мексико со магнитуда од 7,5 степени, еден мртов, предупредување за цунами (ФОТО+ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го потресе јужниот брег на Мексико.

Фото: ЕПА

Земјотресот се случи во 10:29 часот по локално време, со епицентар на 11 километри југо-западно од Санта Марија Запотитлан во државата Оахака.

Земјотресот се случи во државата Оахака на брегот на Пацификот. Епицентарот бил во населбата Круцесита.

Мексиканската сеизмолошка служба објави дека земјотресот имал јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Зградите во Оахака се оштетени, вклучително и болницата во Сан Бартоло Којотепек, соопштија локалните власти.

„Засега нема извештаи за поголеми штети - само неколку урнати sидови и фасади“, рече Клаудија Шинбаум, градоначалничка на Мексико Сити, преку видео од центарот за одговор при итни случаи.

Ситуацијата во близина на епицентарот на земјотресот во Круцесита, Оахака, не е веднаш јасна, јави Гардијан.

Но, во „порака до мексиканскиот народ“ претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека за едно лице е потврдено дека загинало во свлечиште покрај пацифичкиот брег на земјата. Друго лице е повредено.

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека бранови на опасното цунами се можни во опсег до 1.000 километри од епицентарот, вклучително и долж брегот на Мексико, Хондурас, Гватемала и Салвадор.

Кратко време по земјотресот, целата држава останала без електрична енергија. Мексиканските власти предупредиле дека нивото на морето се покачува, а Пацифичкиот центар за предупредување за цунами издаде предупредување за цунами.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе