Разликата помеѓу Бајден и Трамп неверојатно мала

Доналд Трамп и Џо Бајден водат неверојатно тесна трка во преостанатите држави каде сè уште се бројат гласовите.

Фото: ЕПА

Иако Бајден во моментов води со 238 изборни гласови наспроти 213 на Трамп - за победа се потребни 270 - Трамп води во Џорџија, Северна Каролина и Пенислванија.

Од друга страна, Бајден води во Висконсин и Мичиген, каде неодамна презеде водство, и Невада.

Во Висконсин таа разлика во моментов е само 20.748 гласа, бидејќи Бајден има 1.630.334 гласа (49,6%) и Трамп 1.609.586 (48,5%), според податоците на Асошиејтед прес и Фокс њуз.

Во Мичиген, разликата е уште помала - 15.788 гласови. Во таа држава, Бајден води со 2.525.389 гласови (49,4%) наспроти 2.509.601 гласови на Трамп (49%).

Во Невада, разликата е далеку најмала, со само 7.647 гласови. Бајден тесно води со 588.252 гласа (49,2%) наспроти 580,605 гласови на Трамп (48,6%).

Ова значи дека во овие три клучни држави вкупната разлика во гласови е само 44.183 гласа.

Досега се пребројани над 69,6 милиони гласови за Бајден и над 67 милиони за Трамп. Значи, од над 136 милиони гласови, би можеле да пресудат помалку од 50.000 во три клучни држави.

Сепак, уште три други држави би можеле да се покажат пресудни, а таму разликата е нешто поголема.

Во Пенсилванија, Трамп сè уште води со 3.027.039 гласови (54%) во споредба со 2.504.684 гласови на Бајден (44,8%), иако и тука неговата предност може да се стопи со пребројувањето на дописните гласови. Тука разликата изнесува 522.355 гласови, но во оваа држава досега се преброени само 64% од гласовите.

Во Северна Каролина, разликата досега е 76.172 гласови, бидејќи Трамп води со 2.732.104 гласови (50%) во споредба со 2.655.392 гласови на Бајден (48,7%).

Во Џорџија, Трамп води со 2.382.470 гласови (50,5%) наспроти на Бајден 2.280.258 гласови (48,3%), со разлика од 102.212 гласови.

Моменталната состојба во клучните држави каде не се прогласени победи

Џорџија - Трамп води (Доналд Трамп 50,5 проценти, Џо Бајден 48,3 проценти. Преброени 94 проценти од гласовите. Државата носи 16 електорски гласови.)

Северна Каролина - Трамп води (Доналд Трамп 50,1 процент, Џо Бајден 48,7 проценти. Изброени 94 проценти. Државата носи 15 електорски гласови.)

Пенсилванија - Трамп води (Доналд Трамп 54,5 проценти, Џо Бајден 44,4 проценти. Избројани 64 проценти. Државата носи 20 електорски гласови.)

Мичиген - Бајден води (Џо Бајден 49,4 проценти, Доналд Трамп 49,1 процент. Избројани 94 проценти. Државата носи 16 електорски гласови.)

Висконсин - Бајден води (Џо Бајден 49,6, Доналд Трамп (48,9). Избројани 95 проценти. Државата носи 10 електорски гласови.)

Невада - Бајден води (Џо Бајден - 49,2 проценти, Доналд Трамп 48,6 проценти. Избројани 67 проценти од гласовите. Државата носи шест електорски гласови.)

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе