Синодот на РПЦ го разреши митрополитот Иларион

Раздор во врвот на руската црква поради војната во Украина

Руската православна црква го разреши вториот најмоќен митрополит од должностите шеф за надворешни односи и го испрати во Будимпешта, објави Ројтерс, додавајќи дека ненадејната одлука укажува на несогласување во врвот на Московската патријаршија за војната во Украина.

Фото: ЕПА

Светиот синод, кој се состанал во вторникот во Даниловиот манастир од 13 век, го разреши митрополитот Иларион од функцијата шеф на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.

Ројтерс објави дека Синодот разговарал за Украинската православна црква на Московската патријаршија, која е оспорена од ривалската автокефална православна црква на Украина под раководството на киевскиот митрополит како водач на словенското православие.

Синодот одлучи Иларион да биде разрешен од должноста шеф за надворешни односи, постојан член на Синодот и ректор на Институтот за постдипломски студии Свети Кирил и Методиј.

„Утврдено е дека епископот Иларион, митрополит волоколамски, ќе биде администратор на Будимпештанско-унгарската епархија, митрополит будимпештански и унгарски“, се вели во соопштението.

Иларион (55), кој 13 години раководеше со Одделот за надворешни црковни односи, докторираше на Универзитетот Оксфорд и се сметаше за можен наследник на патријархот московски и на цела Русија Кирил.

На негово место е поставен поранешниот корсунски митрополит Антоние (37).

Ројтерс вели дека инвазијата на Украина на 24 февруари го продлабочила спорот во рамките на словенското православно христијанство, кое датира повеќе од илјада години наназад, до самите корени на Русија и Украина.

Кирил, близок сојузник на претседателот Владимир Путин, ја гледа војната како одбрана од Западот, кој тој го опишува како декадентен, иако зборуваше за болката предизвикана од конфликтот бидејќи неговото стадо е на обете страни.

Бидејќи многу Украинци се обидуваа да се ослободат од руската доминација по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, патријархот Вартоломеј од Константинопол, духовниот водач на православната христијанска заедница низ целиот свет, ѝ даде автокефалност на Украинската православна црква, предизвикувајќи јаз со Москва. По доаѓањето на христијанството во словенските земји во 9 и 10 век, Киев имал своја митрополија, но таа во 1685 година ѝ била потчинета на Руската црква под царот Петар Велики.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе