Во Хавана конгрес на КП

Раул Кастро се повлекува, им ја предава моќта на следната генерација „антиимперијалистички“ водачи

Вчера на Куба почна четиридневниот конгрес на Комунистичката партија и тој историски состанок треба да го означи крајот на владеењето на семејството Кастро и доаѓањето на нова генерација лидери.

Фото: ЕПА

Вчера во главниот град Хавана се собраа неколку стотици делегати од сите кубански провинции за да разговараат за важните теми за земјата. Нивната седница зад затворени врати се одржува точно на денот кога Фидел Кастро го објави социјалистичкиот карактер на Кубанската револуција пред 60 години. За разлика од претходните конгреси, овој пат немаше телевизиски пренос. Официјалниот портал Кубадебат објави дека лидерот на Кубанската комунистичка партија Раул Кастро, откако му оддал почит на својот брат, им го претставил на делегатите извештај за конгресот.

Кастро соопштил дека се повлекува и ѝ го предава раководството на помладата генерација „полна со страст и антиимперијалистички дух“. Семејството Кастро ја предводи партијата од 1961 година.

„Додека сум жив, ќе бидам спремен да ја бранам татковината, револуцијата и социјализмот“, им рекол Кастро на партиските делегати на конвенцијата во Хавана во петокот.

Раул служеше како прв секретар на Кубанската комунистичка партија од 2011 година, кога го замени својот покоен брат, Фидел Кастро. Фидел стана премиер (подоцна и претседател) на Куба по револуцијата во 1959 година, а две години подоцна и прв секретар на партијата.

Раул Кастро се повлече од претседателската функција во 2018 година, кога функцијата ја презеде Мигел Дијаз-Канел, но остана на чело на партијата.

Куба останува една од последните неколку комунистички држави што постојат, и покрај тоа што Раул Кастро воведе некои ограничени реформи на слободен пазар во 2011 година. Здравствениот систем и стапката на писменост во земјата се рангирани импресивно високо во споредба со некои капиталистички нации, но тешко е да се дојде до добри производи за широка потрошувачка. Државната плата во Куба е само 20 американски долари месечно, а има само 173.000 автомобили меѓу 11-те милиони жители на земјата.

Кој партиски лојалист и да го преземе местото на Кастро, ќе мора да се бори со економската стагнација, како и со затегнатите односи со САД. Додека Доналд Трамп ги казнуваше и ги забрануваше патувањата и трговијата со островската држава за време на својот мандат, претседателот Џо Бајден вети дека ќе ги одмрзне односите со Куба. Сепак, тој сè уште нема сменето ниту една од политиките на Трамп.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе