Ратко Младиќ осуден на доживотен затвор (ВИДЕО)

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг ја објави второстепената пресуда за Ратко Младиќ со која го осудува на доживотна казна затвор.

EPA-EFE

Жалбениот совет целосно ја потврди првостепената пресуда за Младиќ.

Тој е осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото во 15 општини во Босна и Херцеговина, опсадата, снајперското дејствување и тероризирањето на градот Сараево од 1992 до 1995 година и држењето на припадници на мировната мисија на ОН како заложници за време на НАТО бомбардирањето.

Второстепената пресуда е донесена со спротивно мислење на судијката Приска Матимба Нијамбе.

Советот е убеден дека Младиќ е виновен за геноцид, злосторства против човештвото, земање заложници и кршење на законите и обичаите на војувањето.

„Тој ги извршил тие злосторства во рамки на четири здружени злосторнички потфати, чија цел била трајно отстранување на муслиманите од Босна и Херцеговина“, наведе Механизмот во Хаг.

Советот одлучи дека без интервенциите на Младиќ не би дошло до спомнатите злосторства.

„Младиќ придонел и помогнал на геноцидот, убиствата и трансферот на босанските муслимани. Советот утврдил дека не успеал да поднесе соодветни докази дека отстранувањето на жените, децата и мажите било доброволно“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе