Во услови на корона-карантин

Растурена секс-забава во Брисел, европратеник гол бегал низ прозорец

Полицијата во Брисел во петокот вечерта растурила хомосексуална „секс-забава“, на која присуствувале 25 лица, вклучувајќи и еден странски член на Европскиот парламент, јавуваат локалните медиуми.

Полицајците, наводно, начекале 25 голи мажи на забава преполна со алкохол, дрога и „нозе во воздух“ кога во петокот вечерта извршиле рација во центарот на белгиската престолнина. „Прекинавме оргии!“, рекол еден извор за белгискиот весник Ла Дерние ер (ДХ).

Забавата се одржала на првиот кат од геј-бар во центарот на белгиската престолнина, потврдило јавното обвинителство за белгиските медиуми.

Повеќето од присутните биле мажи и сите биле казнети за прекршување на мерките против коронавирусот, рекол изворот.

Наводно биле присутни неколку дипломати, а неименуваниот европратеник според медиумите се обидел да избега низ прозорец, но се повредил, па полицијата го фатила и го испрашувала. Тој тогаш се повикал на својот европратенички имунитет, пренесува Брисел тајмс.

Покрај тоа, полицајците пронашле и дрога на местото на настанот.

Белгиските медиуми шпекулираат дека европратеникот е унгарскиот пратеник што во саботата даде оставка од функцијата. Еден од високите членовите на унгарската владејачка партија Фидес во саботата ненадејно соопшти дека се повлекува бидејќи „дневната политика станала емотивен товар за неговите плеќи“.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе