Коронавирус

Расте стравот од пандемија, САД потврдија случај на зараза со непознато потекло

Брзото ширење на новиот коронавирус го зголеми стравот од глобална пандемија, додека владите ги засилуваат вонредните мерки, а финансиските пазари денеска повторно паднаа, и покрај знаците дека епидемијата може да стивнува во Кина, објави Вашингтон пост.

Лидерот на Австралија предупреди дека пандемијата е прашање на „кога“, а не „дали“, додека се појавија нови инфекции и смртни случаи на Блискиот Исток, а бројот на заразени во Јужна Кореја повторно се зголеми.

Соединетите Американски Држави вчера го објавија првиот познат случај во Америка во кој пациентот не патувал никаде, ниту имал контакт со потврдено заразено лице.

Додека официјалните бројки објавени од Пекинг и понатаму покажуваат пад на бројот на новозаразени и на починати од епидемијата во земјата, во другите делови на светот се чини дека проблемот се влошува.

Ширењето на вирусот ги натера властите низ светот да ги откажат или да ги одложат масовните настани, од верските аџилаци во Саудиска Арабија до рагби-натпреварите во Ирска, додека растат сомнежите околу плановите на Јапонија да биде домаќин на Олимпијадата во 2020 година.

Европските акции паднаа за 2,5 проценти во почетокот на тргувањето во четвртокот, а индексот Никеи во Јапонија исто така падна, иако другите азиски пазари повратија некои од претходните загуби.

Во Кина владата објави уште еден последователен пад на бројот на новозаразени, со 433 нови потврдени инфекции на коронавирус и 29 нови смртни случаи. Најголем број од новозаразените и починатите се во провинцијата Хубеи. Истакнат кинески здравствен експерт денеска рече дека верува оти Кина може „генерално да го стави под контрола“ коронавирусот до крајот на април.

Иран соопшти дека бројот на жртвите достигна 22, со 141 потврден случај. Јужна Кореја објави 505 нови случаи, а вкупно 1.766, вклучувајќи и американски војник стациониран во земјата. Американските и јужнокорејските вооружени сили рекоа дека ќе ја одложат клучната заедничка воена вежба.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести синоќа потврди дека лице од северна Калифорнија се заразило со коронавирусот без да патува надвор од Соединетите Држави или да дојде во контакт со друг пациент за кој се знае дека е заразен.

Асошиејтед прес објави најнов преглед на бројките на заразени и починати од вирусот:

Континентална Кина: 2.744 починати од 78.497 заразени, претежно во централната провинција Хубеи

Хонг Конг: 81 заразен, 2 починати

Макао: 10 заразени

Јужна Кореја: 1.595 заразени, 13 починати

Јапонија: 894 заразени, вклучително и 705 од крузерот Дијамантска принцеза, 7 починати

Италија: 447 заразени, 12 починати

Иран: 139 заразени, 19 починати

Сингапур: 93 заразени

САД: 60 заразени

Тајланд: 40 заразени

Тајван: 32 заразени, 1 починат

Бахреин: 33 заразени

Австралија: 23 заразени

Малезија: 22 заразени

Кувајт: 26 заразени

Франција: 17 заразени, 2 починати

Германија: 21 заразен

Виетнам: 16 заразени

Обединети Арапски Емирати: 13 заразени

Велика Британија: 13 заразени

Шпанија: 12 заразени

Канада: 12 заразени

Русија: 5 заразени

Ирак: 6 заразени

Оман: 4 заразени

Филипини: 3 заразени, 1 починат

Индија: 3 заразени

Хрватска: 3 заразени

Израел: 2 заразени

Пакистан: 2 заразени

Финска: 2 заразени

Австрија: 2 заразени

Либан: 2 заразени

Египет: 1 заразен

Алжир: 1 заразен

Авганистан: 1 заразен

Грција: 1 заразен

Македонија: 1 заразен

Грузија: 1 заразен

Естонија: 1 заразен

Белгија: 1 заразен

Романија: 1 заразен

Непал: 1 заразен

Шри Ланка: 1 заразен

Камбоџа: 1 заразен

Шведска: 2 заразени

Норвешка: 1 заразен

Данска: 1 заразен

Швајцарија: 1 заразен

Бразил: 1 заразен

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе