Растат тензиите, Русија протера двајца бугарски дипломати

Русија денес објави дека решила да протера двајца бугарски дипломати како одговор на протерувањето на руските дипломати од Бугарија во март, во контекст на шпионска афера и засилените тензии меѓу Москва и Западот.

EPA-EFE

Како што соопшти руското министерство за надворешни работи, за одлуката е информиран бугарскиот амбасадор во Москва, кој бил повикан на разговор.

Се однесува на првиот секретар на конзуларната служба и првиот секретар за трговски и економски прашања на амбасадата.

„Мерката е одговор на неоснованата одлука на бугарската страна да ги прогласи за непожелни двајцата вработени во амбасадата на Русија во Софија“, се наведува во соопштението.

Бугарските власти ги протераа руските дипломати во март по наводното откривање на шпионска мрежа која работела за Москва и за која работеле повеќе осомничени меѓу кои и службеници на бугарското министерство за одбрана.

Бугарија има традиционално добри економски односи со Русија, но од октомври 2019 избија повеќе шпионски афери кои ги заострија односите.

Веќе се протерани петмина руски дипломати и техничкиот асистент на амбасадата.

Русија и Западот во последните недели меѓусебно си избркаа повеќе дипломати, во контекст на засилените тензии.

Москва избрка десет американски дипломати како одговор на протерувањето на исто толку руски дипломати од САД.

Амбасадорите на двете земји се повлечени на „консултации“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе