Двете НАТО членки

Растат тензиите меѓу Турција и Грција, се распоредуваат десетици оклопни возила (ВИДЕО)

Турција денес го повика грчкиот амбасадор во знак на протест, тврдејќи дека Грција распоредува десетици оклопни возила на островите за кои Анкара смета дека треба да бидат демилитаризирани во согласност со меѓународните договори.

EPA-EFE

Турските медиуми објавија во неделата снимки од воздух за кои тврдат дека го прикажува распоредувањето на грчки оклопни возила од американско производство на егејските острови Самос и Лезбос, засилувајќи ги тензиите меѓу двете НАТО членки, кои имаат долга историја на непријателства.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во меѓувреме предупреди дека Турција нема да се воздржува да ги брани своите права и интереси од Грција.

Турските власти денес го повикаа грчкиот амбасадор Христодулос Лазариз во туското министерство за надворешни работи, јави државната новинска агенција Анадолу.

Одделни медиуми јавија и дека Анкара вложила протест и на Вашингтон, но не се објавени детали.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе