Расплет на филмскиот грабеж во Тирана – уапсени четири лица за кражбата на милионите

Албанската полиција соопшти дека уапсила четири лица осомничени за грабежот на околу пет милиони евра од патничкиот авион на меѓународниот аеродром во Тирана.

Како што се наведува во соопштението, три лица се уапсени во централниот град Елбасан, а четвртото во Кроја, на северот на земјата.

Претходно месецов ограбувачите  упаднаа на аеродромот и ги украдоа парите додека беа внесувани во авион на Остријан ерлајнс.

Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со полицијата, но парите не беа најдени.

Воената полиција постави безбедносен периметар околу аеродромот и ја презема управата со внатрешното обезбедување кое го води приватна компанија.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе