Добро познат рапер во Украина и Русија

Распарчено тело на украински рапер најдено во замрзнувач, уапсена сопругата

Сопругата на украинскиот рапер Енди Картрајт (30), Марина Кокал, е уапсена откако телото на музичарот било пронајдено распарчено во замрзнувачот во нивниот стан во Санкт Петербург, јавува Раша тудеј.

Марина Кокал (36) ја негира одговорноста за убиството и тврди дека раперот починал од предозирање со дрога.

Полицијата била известена откако Марина Кокал му се јавила на својот адвокат за совет, објаснувајќи дека Картрајт починал четири дена пред тоа од предозирање.

Делови од телото биле пронајдени во стан во Санкт Петербург во пет различни торби, сите во фрижидер.

Жената ѝ објаснила на полицијата дека сакала да го скрие телото за тој „едноставно да исчезне“ и никој да не дознае дека починал од предозирање.

Доколку истрагата покаже дека Кокалова не ја кажала вистината, таа најверојатно ќе биде обвинета за убиство, а доколку се утврди дека ја кажала вистината, ќе биде обвинета за „насилство врз мртво тело“, пренесува РТ.

Според рускиот канал РЕН ТВ, првите анализи покажале дека во телото на раперот нема траги од дрога. Втор, потемелен преглед ќе биде спроведен наскоро.

Кокалова и раперот, чие вистинско име е Александар Јушко, имаат мало дете.

Енди Картрајт е добро познат рапер во Русија. Роден е во 1990 година во украинскиот град Нижни, а се преселил во Санкт Петербург во 2000 година.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе