Раскол во ЕУ поради Србија

Сè повеќе земји се противат на радикалниот пристап на силни притисоци Белград да ѝ воведе санкции на Москва, пишува Б92.

EPA-EFE

Уште една пукнатина меѓу членките на Европската Унија, околу војната во Украина, би можела да се отвори следната недела на самитот на лидерите на земјите членки во Брисел, и тоа поради Србија.

Б92 пишува дека има сè повеќе земји кои се противат на радикалниот пристап на силни притисоци Белград да ѝ воведе санкции на Москва, кој го форсира Берлин, бидејќи сметаат дека таквата политика е контрапродуктивна, и дека само може да ги зајакне српските врски со Русија.

Во овој фронт на европски земји кои се залагаат за поголемо разбирање за специфичната позиција и ставовите на Србија, кога станува збор за бирањето страна во украинско-рускиот конфликт, во моментов се Италија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Португалија, потоа Чешка и Словенија, како и земјите кои не ја признаваат независноста на Косово – Шпанија, Грција, Кипар, Словачка и Романија.

Според дипломатски извори на ЕУ, дури и официјален Париз има значително поблаг став од Германија, чиј канцелар Олаф Шолц го услови членството на Србија во ЕУ со признавање на самопрогласената косовска независност и отворено побара Белград веднаш да се приклучи на рестриктивните мерки против Русија. Во прилог на тезата дека францускиот претседател се залага за „среден пат“, околу политиката на ЕУ кон Белград, се наведува и неговиот предлог за создавање Европска геополитичка заедница, за на земјите кандидати да им се даде одредена европска перспектива, но и да се награди напредокот во реформите со отворање на бриселските каси.

На страната на Германија, која силно го стега обрачот околу Србија, засега се нивните традиционални сојузници Холандија и Белгија, како и земјите со силни антируски чувства како Полска и балтичките земји, но и Хрватска.

Во Брисел на 23 и 24 јуни се одржува самит на Европскиот совет, а на вториот ден на собирот на европските лидери ќе биде одржана и конференција на високо ниво за Западниот Балкан, на која ќе бидат и лидерите на регионот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе