„Роднина на Александар Велики или руски пранкстер?“

Раша тудеј: Интересна бизарна шега, премиерот на Северна Македонија прелажан да вети црковно мито

Претставувајќи се како поранешниот претседател на Украина, руски шегаџија го намести премиерот на Северна Македонија да се согласи да му плати на Цариград за признавање на локалната црква, фалејќи се со своите блиски роднински врски со Александар Велики, пишува денеска Раша тудеј.

Зоран Заев стана најновата жртва на Владимир „Вован“ Кузнецов и Алексеј „Лексус“ Столјаров, дуото стана озлогласено по терањето мајтап со високи политичари низ целиот свет. Тие го намамиле премиерот да води серија чудни телефонски повици, во кои вешто го имитирале поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко, вели РТ.

Во разговорот, „Порошенко“ одржал бизарна лекција по историја за да добие поголема блискост, вели рускиот медиум. „Јас сум потомок на Александар Велики“, рекол тој. „Виница, мојот роден град, бил основан од Александар Велики, нему му се допаѓало виното“, рекол „украинскиот претседател“.

Изненадувачки, вели Раша тудеј, Заев веднаш се согласил: „Сум читал за тоа, да“.

На крај, „Порошенко“ дошол до посакуваната тема - несигурниот статус на Православната црква на Северна Македонија. Во 1967 година, таа еднострано се отцепи од Српската православна црква, која го прогласи македонското свештенство за расколничко.

Оттогаш, Македонската црква остана непризнаена од Цариградската патријаршија и од сите други цркви блиски до Српската. Работите почнаа да се менуваат минатиот мај, кога Константинопол се согласи да го преиспита нејзиниот статус.

И тука бизарната шега станува поинтересна, вели Раша тудеј. „Можеби сте ја слушнале добрата вест дека го добивме томосот од Цариградската црква“, рекол „Порошенко“, мислејќи на декрет со кој самопрогласената Украинска православна црква формално се признава од Москва.

Московската патријаршија и други цркви го осудија овој потег како незаконски според канонските правила.

„Порошенко“ потоа се фали за блиските врски што ги оформил со Вартоломеј Први, архиепископот на Константинопол. „Неодамна го сретнав, Вартоломеј сега ми е пријател“, продолжил тој, а Заев го прекинал велејќи: „О, треба да лобирате и за нас!“

Во тоа време формалното признавање од страна на Цариград беше нешто што можеше да ѝ помогне на прозападната влада на Северна Македонија да се приближи до членството во НАТО и во ЕУ, вели РТ. „Многу би ценел (ако можете да му кажете) некој добар збор на Вартоломеј“, рекол Заев.

По некое време, тој прашал дали има „некаква надеж“ за него. Пранкстерите објасниле дека дозволата од Вартоломеј доаѓа со цена. „Треба да ви кажам за еден услов... (Јас му дадов лична донација) на Вартоломеј“, признал „Порошенко“, додавајќи дека „донацијата“ е некаде околу 100.000 евра.

„Да, многу добро, нема проблем!“, радосно одговорил „северномакедонскиот премиер“, вели Раша тудеј за македонскиот премиер. Тој, исто така, се согласил да ги даде парите во готово за да избегне „некакви бирократски процедури“.

„Во ред е, ќе има донација во кеш, нормално дека ќе го сториме тоа, бидејќи им е потребна поддршка. Ќе го направиме тоа.“

„Значи, можам да ви организирам лична (средба со него) и може да помуабетиме за сите тие работи“, посочил лажниот Порошенко и му рекол на „северномакедонскиот премиер“, вели РТ, дека ќе има „попуст“ ако дојде. „Пријателе мој, многу ви благодарам, тоа ни требаше“, заклучил Заев.

Пранкстерите им рекоа на медиумите дека со премиерот разговарале во неколку наврати во текот на годината. Првиот телефонски повик бил во август 2018 година, а другите подоцна. Во еден момент, тие дури успеале да состават извадоци од говорите на генералниот секретар на НАТО, со цел да создадат впечаток дека Порошенко разговара и со него за време на разговорот со Заев.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе