Раша тудеј: Како Москва го зафркна НАТО и го зазема аеродромот на Косово (ВИДЕО)

Приштина вчера одбележа 20 години од влегувањето на НАТО на територијата на Косово. По тој повод во Приштина, на централната прослава, пристигнаа тогашниот претседател на САД Бил Клинтон и неговата државна секретарка Медлин Олбрајт, и беа пречекани со најголеми почести.

Со годишнината од НАТО на Косово се занимаваа повеќе светски и регионални медиуми, а Раша тудеј објави текст под наслов „Како Москва го зафркна НАТО и го зазема аеродромот на Косово“.

Се наведува дека НАТО бомбардирањето на тогашна Југославија има една епизода на која Русите радо се сеќаваат – ненадејната акција на руските трупи кои го заземаа стратегиски важниот аеродром кај Приштина и тоа пред носот на Британците.

Акцијата, пишува РТ, била спроведена во строга тајност, а така и била планирана. Руските трупи биле испратени во БиХ, како дел од СФОР, и додека таму биле на тренинг надвор од базата на меѓународните сили, 15 оклопни возила, со околу 20 придружни возила и 200 руски специјалци тргнале кон југ.

Дестинацијата било Косово, спремно да прогласи независност додека Србија беше бомбардирана од НАТО, наведува руската агенција и додава дека Србите веќе биле поразени, спремни да прифатат да ја напуштат територијата на Косово, а да влезат трупите на НАТО.

Руските трупи биле во трка со војниците на НАТО, но и со терористите на Ослободителната војска на Косово, за тоа кој прв ќе го заземе аеродромот Слатина, единствениот способен да прима големи воени авиони.

Маневрот кој го извеле Русите, според РТ, немал само воена важност, туку и политичка, бидејќи бомбардирањето на СРЈ, сојузникот на Русија, била своевидна шлаканица за Москва.

„Руското воено раководство и јас бевме убедени дека нема да има никаква воена интервенција на НАТО на нашата акција“, изјави пензионираниот генерал Георги Шпак, главен командант на руските трупи.

„Освен тоа, мировните миси беа интернационални така што сметавме дека генералите на НАТО ќе потрошат доста време за да ги искоординираат своите акции“, додава пензионираниот генерал.

Руската моторизирана бригада пристигнала на аеродромот Слатина рано наутро, на 12 јуни 1999, околу 20 минути пред последните српски трупи да го напуштат аеродромот. „Се плашевме да не задоцниме, не поради НАТО трупите, туку поради албанските, кои се мотаа насекаде наоколу, спремни да го активираат алармот“, вели командантот на единицата Сергеј Павлов.

За успехот на акцијата бил заслужен и тимот од 18 разузнавачи кои влегле на Косово во мај за да го подготват теренот за операцијата.

Иронично, најголемата закана за изведувањето на тајната задача биле Србите, бидејќи премногу му се радувале на пристигнувањето на руските војници штом ги виделе дека одат кон аеродромот Слатина. Командантот Павлов им викал „Одете, одете“.

Неколку моменти подоцна стигнале и Британците, имало и потегнување оружје, но на крајот акцијата била извршена без ниту еден испукан куршум, истакнува Раша тудеј.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе