Рама за менувањето граници: Албанците мора да разговараат како вистински мажи, оваа шанса нема да се повтори

Албанскиот премиер Еди Рама по повод идејата за менување на границите во дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече дека тој е последниот што треба да го коментира тоа.

Од друга страна, пак, рече дека во Приштина „мора да се водат соодветни стратегиски разговори, бидејќи таквата можност можеби нема да се повтори во наредните 30 години“.

„Косовските власти треба да работат на платформа за дијалог. Јас сум последниот што треба тоа да го коментира бидејќи на Косово веќе се случува дебата за една идеја, а не за платформа“, рече Рама на албанската телевизија „Топ ченел“, објаснувајќи зошто досега не се огласил на оваа тема.

„Бев многу јасен кога реков дека ќе зборувам за Косово секојпат кога ќе биде потребно, но ниту сум зборувал, ниту ќе зборувам од името на Косово. Нам ни треба нешто повеќе од само уште една дебата“, рече албанскиот премиер.

Според него, ова е „многу деликатно прашање, бидејќи не станува збор само за Косово, туку за албанската нација“.

„Албанија има обврска да го поддржува Косово и ние ќе почекаме да видиме што ќе одлучат тие. Тие мора да одржуваат соодветни стратегиски разговори, бидејќи таквата можност можеби нема да се повтори во наредните 30 години. Албанците мора да разговараат како вистински мажи, со консензус, а не само за да создаваат меѓусебни конфликти“, тврди Рама.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе