Рама за кандидатот за претседател на Албанија: Потребен ни е нормален човек

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека пратениците на Социјалистичката партија на Албанија мора да размислат за можна кандидатура за претседател.

EPA-EFE

На сегашниот претседател на Албанија Илир Мета мандатот му завршува во април годинава.

Рама кажа дека кандидатот може да биде маж или жена, дури и надвор од територијата на Албанија. Тој наведе дека дијалогот за ова прашање е отежнат поради кризата во опозициската Демократска партија на Албанија.

„Претседателот пред сè мора да го избере оваа пратеничка група. Компликацијата со создавањето две Демократски партии ни отежнува да ја најдеме адресата на која ќе бараме дијалог со парламентарната опозиција. Во меѓувреме мора да размислиме како да се консултираме со граѓаните за оваа одлука“, кажа Рама.

Тој додаде дека сите тие имаат голема граѓанска, политичка и уставна одговорност на Албанците да им обезбедат „нормален човек на челото на државата“.

„Би ги замолил сите да размислуваат во таа насока и да ми се обратат сите кои имаат идеја како да се организираме“, заклучи Рама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе